• среда, 25 декември 2024

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување

Коронавирусот наметнува нов начин на поздравување
Лос Анџелес, 5 март 2020 (МИА) - Додека бројот заболени и починати од новиот коронавирус сè повеќе расте, сè повеќе луѓе, меѓу кои и славни личности, го промовираат новиот поздрав - потчукнување со лактите. Здравствените власти, но и лидерите и државниците постојано повикуваат луѓето да избегнуваат ракувања, пријателски бакнежи, прегрнувања и слични секојдневни начини на општење. Се чини, најсоодветна замена за тоа е поздравот со лактите. И претставникот на мисијата на Светската здравствена организација во Кина, Брус Ејлворд дава свој пример за тоа. На прес-конференција, тој на подадена рака од новинар, одговори со подаден лакт. си/

Остани поврзан