• четврток, 26 декември 2024

Коронавирусот го откажа и Карневалот во Рио

Коронавирусот го откажа и Карневалот во Рио
Рио де Жанеиро, 25 септември 2020 (МИА) - Училиштата за Самба во Рио де Жанеиро, Бразил, одлучија да го одложат познатиот карневал, кој требаше да се одржи во февруари 2021 година, поради пандемијата на коронавирусот. Нов датум за одржување на фестивалот, не е објавен, но од училиштето Лиеса соопштија дека тоа зависи од вакцината. - Многу е тешко да се има карневал без вакцина. Нема шанси карневалот да се одржи во небезбедни услови... Сепак, свеченоста ќе може да се одложи најдоцна до јануари 2022 година, за да не се наруши следниот карневал, рече претседателот на Лиеса, Жорже Кастањеира. Вообичаено, 13 бразилски училишта за самба дефилираат за време на карневалот на Самбодром пред околу 90.000 жители на Рио, но и пред многу туристи од целиот свет. Датумот се менува секоја година во зависност од римокатоличките големи пости. Првиот случај на коронавирус во Бразил е регистриран на 26 февруари, ден по крајот на годинешниот карневал. Натпреварувачката традиција своите почетоци ги има во 1930-тите. До тогаш, карневалот се одржувал на улица. Последен пат свеченоста беше одложена за два месеци, во 1912 година поради смртта на тогашниот министер за надворешни работи. Во Втората светска војна, прославите беа откажани. си/сд/

Остани поврзан