• четврток, 26 декември 2024

Коронавирусот го намали животниот век за 10 години

Коронавирусот го намали животниот век за 10 години
Вашингтон, 28 септември 2021 (МИА) - Докторка по биолошки науки и професорка на Факултетот за системска биологија на Универзитетот Џорџ Мејсон, Анча Баранова изјави дека главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години. - Главното сценарио сега е ова: вакцините функционираат некако, вирусот исто така мутира. Сите чекаат. Човештвото полека се помирува со идејата дека очекуваниот животен век е намален за десет години. Додека луѓето се млади и имуни, тие се справуваат со дури и со повеќекратни имунизации. Меѓутоа, како што старееме, телото се повеќе се разболува, а коронавирусот е една од тие болести, така што животниот век се намалува ... Имаме нов природен непријател, посочи Баранова. Таа додаде дека е можно вирусот природно да ослабне со текот на времето. - Постои природна селекција кај секоја популација. И кај луѓето. По две или три генерации, во просек, луѓето подобро ќе се справат со коронавирусот, дури и без лекови. Структурата на вирусите што го погодуваат човештвото, исто така, може да се промени, можеби конечно грипот ќе се намали, наведе Баранова. ми/

Остани поврзан