• среда, 27 ноември 2024

Коронавирусот го запре производството на Сахер торти

Коронавирусот го запре производството на Сахер торти
Виена, 29 април 2020 (МИА) - Австрискиот хотел Сахер, познат ширум светот по своите оригинални „Сахер торти", поради корона-пандемијата, засега веќе не го произведува својот сладок заштитен знак - една од поомилените „туристички атракции“ во автриската престолнина Виена. Производството засега е сведено на нула. Шефот-готвач на „Сахер", Матијас Винклер вели дека не се исплати да се прават торти само за неколку продадени парчиња на ден. - Сепак, се работи за луксузен производ којшто при криза не е приоритет. А, за високата гастрономија и хотелиерство, сега е неопходно да се задржат обучените соработници, нагласи тој. Во мигов, фокусот е на сценариото по пандемијата. Шефот-готвач вели дека за претстојното лето се очекува огромна несигурност. Инаку, австриската Влада најави дека од 29 мај хотелите ќе можат повторно да работат.  си/

Остани поврзан