• четврток, 26 декември 2024

Коронавирусот влезе во најголемото штипско комунално претпријатие

Коронавирусот влезе во најголемото штипско комунално претпријатие
Штип, 18 Март 2021 (МИА) - Во штипското комунално претпријатие „Исар“ петмина вработени се позитивни на коронавирусот, а седум нивни колеги се во изолација, соопштија денеска директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов. Засега проблеми во работењето на најголемото претпријатие во источниот регион нема поради ширењето на вирусот. Мерките за ротација на вработените, кои работат во канцеларии се применува подолг временски период. Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов вели дека Општинскиот кризен шатб ќе достави и апел до сите транспортни фирми и стопански субјекти во Штип да се почитуваат протоколите при превоз на работниците во автобусите, со цел да не се случи минатогодишното ширење на вирусот, кое почна во неколку конфекции, но се рашири при превозот на текстилните работнички и во други конфекции. Општинските инспектори и сообраќајната полиција ќе бидат на терен, иако според Николов превозниците ги почитувале мерките.  Побара поголема одговорност од граѓаните, да не се групираат, но и да ги почитуваат сите здравствени мерки. вдј/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан