• петок, 27 декември 2024

Копа Либертадорес и Копа Судамерикана ќе имаат своја завршница

Копа Либертадорес и Копа Судамерикана ќе имаат своја завршница
Лима, 3 април 2020 (МИА) - Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез изјави дека Копа Либертадорес и Копа Судамерикана нема да бидат прекинати и оптимист е дека двата турнира ќе бидат завршени, дури и без навивачи на трибините. Двата турнира, што се еквивалентни на европската Лига на шампиони и Лига Европа, беа суспендирани во средината на март поради пандемијата КОВИД-19. - Копа Либертадорес може да започне кога ќе бидат обновени локалните првенства. Сепак, проблемот може да биде високата цена на патувањето од една до друга страна бидејќи земјите веќе ги затворија своите граници, рече Домингез. Двата турнира, закажани да завршат во ноември, сепак вклучуваат 76 клубови од целиот континент. - Сè уште е тешко да направам специфично предвидување за тоа кога и како ќе бидат обновени првенствата. Сите сме шокирани од она што се случува, но мислам дека порано или подоцна сè ќе се нормализира. Само ќе биде потребно време. Секако дека сакам да гледам натпревари пред полни трибини, но начинот за враќање на фудбалот е да се стартува без јавноста, прокоментира функционерот Парагвај. Бројот на глобално погодени лица од новиот коронавирус веќе поминал 1 милион и над 52.000 го загубиле животот од оваа болест.

Тагови

Остани поврзан