• среда, 18 декември 2024

Копаоник, Боровец и Банско остануваат атрактивни за зимување, годинава интерес и за Врњачка и Соко бања

Копаоник, Боровец и Банско остануваат атрактивни за зимување, годинава интерес и за Врњачка и Соко бања

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Копаоник во Србија и Банско и Боровец во Бугарија остануваат најпривлечни за зимување меѓу македонските граѓани, но годинава има голем интерес и за Врњачка бања и Соко Бања во Србија. 

Туристичките агенции што ги контактираше МИА велат дека и оваа зима најпродавани се аранжманите за топлите бањи и хотелите со спа и базени. Поради добрата понуда годинава најбаран е Боровец во соседна Бугарија. 

Четиринаесет дневниот карантин во бугарскиот туристички центар Банско се укинува од утре доцна попладне.

Цените годинава се за околу 10 проценти поскапи од минатата зимска сезона, но, како што посочуваат агенциите, и покрај поскапувањето, сепак има голема заинтересираност. 

Во зависност од типот на хотелот, аранжманите се движат од 50 евра до 170 евра со вклучен доручек и спа и друг вид на услуги.

Граѓаните не се откажуваат ниту од домашните скијачки центри, од кои, како и секоја година, најпосетувано е Маврово, а во снежните денови посетени се и Пелистер, Попова Шапка и Крушево. сан/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан