• среда, 18 декември 2024

Координативен состанок на полицијата со хотелско - угостителскиот сектор во Струга во пресрет на Новогодишните празници

Координативен состанок на полицијата со хотелско - угостителскиот сектор во Струга во пресрет на Новогодишните празници

Струга, 13 декември 2024 (МИА) - Подобрување на јавниот ред, мир и безбедност во Струга во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници е целта на координативниот состанок на полициски службеници со претставници на хотелско - угостителските објекти во градот и агенциите за приватно обезбедување што се одржа во Струга.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски денеска информира дека претставниците на ОВР Струга наласиле оти заедничката соработка е од огромно значење за обезбедување стабилна безбедносна состојба за време на празничните денови и успешно справување со нарушувањата и другите сторени прекршочни или кривични дела.

- Беше нагласена потребата од почитување на работното време, посебен осврт беше ставен на почитување на одредбите за присуство на малолетни лица во угостителски објекти, договорена беше тимска работа и ажурност, меѓусебна координација и зголемена мобилност за поефикасно делување на целото подрачје, истакна Димоски. сс/цр

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан