• среда, 27 ноември 2024

Концерт „Чистина“ на Македонска филхармонија со перкусионистката Колева од Бугарија

Концерт „Чистина“ на  Македонска филхармонија со перкусионистката Колева од Бугарија

Скопје, 1 февруари 2024 (МИА) - Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Чистина“ на кој како солистка ќе настапи перкусионистката Татиана Колева (Холандија/Бугарија), а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за маримба, вибрафон и тапан од Емил Табаков кој ќе биде изведен премиерно и Симфонијата бр.2 во Де-дур од Лудвиг ван Бетовен.

Концертот за маримба, вибрафон и тапан е напишан во 2015 година, а премиерно е изведен две години подоцна, со Камерниот оркестар на Габрово. Премиерната изведба била со перкусионистот Мирослав Димов под диригентство на Табаков. На вечерашната македонска премиера на ова дело, првпат овој концерт ќе го свири холандската перкусионистка со бугарско потекло – Татиана Колева. Концертот има класична триделна форма (брз, бавен, брз став) во кои Табаков му дава простор на солистот да ги покаже своите изведувачки перформанси. Во трите става доминира секој од инструментите кои имаат солистичка делница. 

Симфонијата број 2 во Де-дур, опус 36, Лудвиг ван Бетовен ја напишал во време на голема лична криза, кога се соочувал се сериозни проблеми со ушите и кога во голема мера почнал да го губи својот слух. мч/аа/

фото: Македонска филхармонија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан