• недела, 24 ноември 2024

Концерт „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија во Општина Центар

Концерт „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија во Општина Центар

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Општина Центар вечер во Паркот на Франкофонијата за прв пат ќе се одржи музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“. 

-Вечерва има една дестинација, а тоа е одличната забава во Паркот на Франкофонија која започнува од 19 часот. Општина Центар се стреми да ја подигне културата на повисоко ниво затоа преку овој концерт не само што ја афирмираме домашната македонска музика туку и организираме дружба, забава, пеење и играње она кое верувам дека на сите ни недостига. На градот, на сите нас ни недостигаат вакви настани кои ќе не одвлечат од секојдневните рутини и обврски, настани кои ќе предизвикаат насмевка на лицето и нова позитивна енергија, нов елан и поголема продуктивност. Затоа излезете од рутината и дојдете за заедно да одбележиме една нова приказна во Центар, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Концертот го носи името „Нешто што ќе остане“ затоа што е почеток на една нова приказна, ново обележје кое ќе се изгради во традиција на вредности кои доаѓаат и заминуваат.

На вечерашната сцена ќе настапат Ди Џеј Чваре, Дани Димитровска, Тамара Тодевска, ДНК, Некст Тајм и Ди-џеј Фиц, а целиот настан ќе го води и збогатува познатата Вера Јанковиќ.

Градоначалникот Герасимовски ги поканува сите граѓани да бидат дел од концертот и бидат дел од новата приказна на „Нешто што ќе остане“. дма/са/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан