• среда, 13 ноември 2024

Концерт на џез составот „Светлост“ во Лабораториум

Концерт на џез составот „Светлост“ во Лабораториум

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) -Извонредниот џез состав Светлост, чии уникатен музички јазик вткаен во активно творештво и
концертирање е евидентен и во нивниот последен музички албум „Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ издаден оваа година за PMGJazz, вечер во 21:30 часот, ќе одржи концерт во Лабораториум.

Публиката ќе има можност да ги слушне во живо „Светлост“ во состав: Нинослав Спировски - кларинет, саксофон, Кристијан Новковски - тапани и Дени Омерагиќ - бас, електроника. Бендот постои без малку 10 години, а настапот ќе биде еден од ретките клупски концерти во Скопје и следи само четири месеци од објвата на новиот албум

Влезот за концертот е слободен.

Светлост се неидиоматско/импровизаторско трио од Скопје, составени од Кристијан Новковски (тапани), Нинослав Спировски (кларинет, сопран
саксофон и тенор саксофон) и Дени Омерагиќ (бас, синтисајзери и електроника). Препознатливи по спонтаниот уметнички израз и над-жанровската естетика, Светлост се наметнува како еден од најзначајните чинители на современата креативна сцена.

Во краток период од октомври 2019 до април 2020 издаваат три критички признаени албуми Odron Ritual Orchestra, Jazz (to the working class) и
Six Years за PMG Jazz. Работејќи низ раниот период на ковид пандемијата во нестандардни услови, кулминацијата на нивниот прв творечки период е концертот на 39.Скопски Џез Фестивал, заокружен со A Wave Returns To The Ocean, како нивното четврто издание.

На почетокот на оваа 2024 година, се прегрупираат со избистрен фокус, и го создаваат досега најдлабокиот уметнички материјал, под името
„Everything Was As It Had Been A Minute Ago“ инспириран од моменти на лична загуба, чувства на неприпаѓање, губење на верба во можноста за
општествена еднаквост, сочувство со жртвите на новите војни, и Давидовска борба против Голијатската капиталистичка машина.

Албумот е достапен на Bandcamp платформата на PMGJаzz. вг/

Фото: PMGJazz

Остани поврзан