• четврток, 26 декември 2024

Концерт на „Танец“ во рамки на „Струмица-град на културата 2021“

Концерт на „Танец“ во рамки на „Струмица-град на културата 2021“
Струмица, 23 јули 2021 (МИА) - На платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва ансамблот „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт, чиј настап е дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“. Целата сезона е во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, но и во духот на отпочнување на новиот сценски живот, после долгата глобална здравствена криза. -Со концертот во Струмица почнува втората јулска серија од три големи музичко-сценски спектакли наречена „Танец под ѕвездите“. Концертите ќе се одржат на отворено, на големите сцени во Струмица, Охрид и Битола, а „Танец“ за првпат по големата пандемска пауза, ќе се претстави во својот полн состав, кога покрај оркестарот и хорот, ќе настапи и играорниот кор, инфомираа од „Танец“. Настапот е во рамки на манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“. рт/бт/

Остани поврзан