• среда, 16 октомври 2024

Концерт на Скопски дувачки квинтет во Делчево

Концерт на Скопски дувачки квинтет во Делчево

Делчево, 15 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ вечер концерт во Делчево ќе одржи Скопски дувачки квинтет. Концертот, како што најави на денешната прес-конференција, програмскиот директор на установата Методи Толевски ќе се одржи во фоајето на Спомен-домот АСНОМ.

-Скопскиот дувачки квинтет постои повеќе од триесет години и претставува дел од една традиција на камерна дружба, меѓу плејада македонски уметници од дувачката фела. Овој камерен состав во текот на своето постоење изведува дела од светската ризница, како и дела од македонски автори, некои и специјално напишани за овој ансамбл, истакна Толевски.

Упати покана до сите вљубеници во класичната музика да присуствуваат на еден, како што рече, несекојдневен музички настан, потсетувајќи дека квинтетот има освоено врвни награди, како во државата така и во странство. 

- За одбележување е Ноемвриската награда на Град Скопје, наградата за успешност од Културно просветна заедница на Град Скопје, Октомвриска награда, највисоко државно признание итн. Скопскиот дувачки квинтет гостува на познати манифестации и фестивали во земјата: Охридско лето, Денови на македонска музика, Скопско лето, во странство во Словенија, Хрватска, БиХ, Бугарија, Австрија, САД, Русија, Израел, Полска, Србија, Црна Гора, Косово и др. Еве сега таа можност да ги слушнат ќе ја имаат и нашите сограѓани, додаде Толевски.

Концертот, кој се реализира како проект финансиран од Министерството за култура и туризам, е со почеток од 19 часот. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан