• четврток, 26 декември 2024

Концерт на „Прво београдско певачко друштво“ во „Света Софија“ во Охрид

Концерт на „Прво београдско певачко друштво“ во „Света Софија“ во Охрид

Охрид, 7 ноември 2023 (МИА) – Со благослов на српскиот патријарх Порфириј и митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј, во катедралната црвка „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа концерт на „Прво београдско певачко друштво“.

Публиката имаше несекојдневна можност да ги слушне изведбите на најпознатите композиции на Стеван Мокрањац, кој своевремено беше и уметнички раководител и диригент на хорот со долготрајна традиција. Покрај одличните хорски изведби под диригентска управа на Светлана Вилиќ, присутните во „Света Софија“ уживаа и во настапите на солистите Ана Цветковиќ – Стојниќ и Љубомир Чурчиќ.

„Прво београдско певачко друштво“ го ужива угледот на најстар хорски ансамбл во Србија. Од пејачко друштво основано од група граѓани во далечната 1853 година, хорот прераснува во вистинска национална институција во Србија што ги одржува традициите на Православието, а чиј репертоар најчество го сочинуваат духовни и световни композиции на словенски композитори. аб/са/

Фото: Конзулат на Р.Србија во Охрид

 

Остани поврзан