• недела, 22 март 2026

Концерт на пијанистот Гордан Спасовски во рамки на циклус на џез концерти со врвни македонски  музичари - „JAZZOTERIA“ 

Концерт на пијанистот Гордан Спасовски во рамки на циклус на џез концерти со врвни македонски  музичари - „JAZZOTERIA“ 

Скопје, 21 март 2026 (МИА) - Концерт на пијанистот Гордан Спасовски ќе се одржи денеска во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје во рамки на циклусот џез концерти со врвни македонски  музичари - „JAZZOTERIA“.

Како што соопшти продуцентската куќа Трето Уво со цел поголема промоција и афирмација на современата македонска џез сцена организира циклус концерти под наслов JAZZOTERIA. Станува збор за шест ексклузивни настапи на врвни македонски џез музичари: Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски, што ќе се одржат во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје

„JAZZOTERIA“ претставува интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот, се наведува во соопштението и се додава дека публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера.

„JAZZOTERIA“ има цел да поттикне промоцијата и популаризацијата на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз - вели Иво Јанкоски продуцент н проектот.

-Организатор на циклусот е продуцентската куќа Трето Уво, која со години активно делува на македонската музичка сцена преку организација на концерти, фестивали и музички проекти. Трето Уво е етаблиран како значаен двигател во промоцијата на современата македонска музика, особено во нејзиното претставување пред меѓународната публика и културните сцени надвор од земјата - се додава во соопштението.

Циклусот на џез концерти „JAZZOTERIA“ е поддржан од Министерството за култура и туризам. ац/

Фото: Трето Уво

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан