• среда, 20 ноември 2024

Концерт на КУД „Јане Сандански“ и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Пехчево

Концерт на КУД „Јане Сандански“ и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Пехчево
Пехчево, 4 мај 2022 (МИА) - Во организација на Домот на култура „Јане Сандански“, во киносалата во Пехчево вечерва концерт одржаа членовите на истоименото Културно-уметничкото друштво, а свој настап имаа членови на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип во класата на професор Илија Ќосевски. Директорката на Домот на култура, Валентина Веселинска,  искажа задцоволство што со овој концерт продолжува традицијата за одржливост на самото друштво кое има долга историја. -Културно-уметничкото друштво „Јане Сандански“ брои 60 фолклористи на возраст од 6 до 16 години. Постои повеќе од 75 години, од кои со текот на времето едни групи заминуваат заради возраста, а други доаѓаат. Ваквите концерти за нас се важни, бидејки на тој начин ја негуваме традицијата, за што имаме поддршка од Општината и самите граѓани, со кои заеднички ги остваруваме сите замислени цели во градот, рече Веселинска. Во рамки на својот настап, учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ се претставија со повеќе народни песни и ора карактеристични за Источна Македонија. -Ова се ученици кои изучуваат традиционални музички инструменти, кои како што видовте ги имаме сите, освен зурлата која се надеваме ќе ја имаме и во иднина. Поголем дел од овие ученици музицираат од мали нозе дел од нив неколку години. Се заблагодарувам на пехчевската публика која дојде на овој концерт и проследи неколку песни меѓу кои Велогденско оро и песни за Гоце, како дел од одбележувањето на годишнината од неговото загинување, рече професорот Ќосевски. Од Домот на култура во Пехчево додадоа дека во тек се подготовките за настап на Фестивалот на дувачки оркестри кој по пауза од две години е планиран повторно да се одржи во  јуни за празникот на градот Павловден. вс/хс/

Остани поврзан