• вторник, 24 декември 2024

Концерт на Влатко Стефановски во МКЦ

Концерт на Влатко Стефановски во МКЦ
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - По точно 40 години, Влатко Стефановски заедно со своето трио и неколку гости, на 8 април оваа година, ќе одржи концерт во просториите на Младински Културен Центар (МКЦ), по повод 50 години од основањето на овој културен центар.

Последниот настан на Стефановски во МКЦ беше во 1982 година, заедно со групата „Леб и Сол“, а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа установа.

 -Среќен сум што ќе бидам дел од прославата на значаен јубилеј и што повторно ќе одржам концерт во МКЦ. Музицирањето пред домашната публика е секогаш предизвик, но кога по 40 години се враќате на местото каде што ви биле почетоците, тогаш навистина возбудата е голема, изјави Влатко Стефановски во пресрет на овој концерт.

Влатко Стефановски Трио го сочинуваат и Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара, трио кое последниве години е доста активно и настапува речиси низ целиот свет. Спојот на искуството и младоста во ова трио се чини дека беше пресудно за одлична синергија и за огромен успех на сите настапи.

 Инаку, неодамна „Кроација рекордс“ направи пресек на соло-кариерата на Влатко Стефановски и ја склопи во албум со најголемите хитови. Од „Каубојци и индијанци“ од истоимениот албум од 1994 до „Фанки џанки“ и „Огледало“ од неговото последно студиско издание „Тафталиџе шафл“, компилацијата содржи 17 песни.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk.

Концертот е во организација на Баги Комуникации и МКЦ, а поддржан е од Комерцијална Банка и „Еко Циркон“.бт/дма/

Остани поврзан