• петок, 27 декември 2024

Концерт на Арсениј Ангелески во рамки на фестивалот „Златна лира“

Концерт на Арсениј Ангелески во рамки на фестивалот „Златна лира“
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Рецитал во рамки на Фестивалот „Златна лира“ со дела од Бетовен, Шопен, Лист и Скрјабин вечер во Музејот на македонската борба ќе одржи младиот талентиран пијанист Арсениј Ангелески, ученик во средното музичко училиште во Битола. Тој е добитник на наградата на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) за најдобар музичар на годинешниот натпревар „Охридски бисери“. Арсениј Ангелески е роден во 2005 година во Прилеп каде го завршува нижото музичко образование во ООМУ „Ордан Михајлоски - Оцка“ во класата на Христина Никоска - Тасеска. Денес е ученик во трета година во Државното средно музичко училиште во Битола, во класата на проф. Татјана Божиновска. Во својата досегашна едукација е добитник на повеќе од триесетина специјални и први награди на државни и меѓународни музички натпревари во нашата земја и во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Швајцарија и Хрватска. Во 2022 година настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола.вј/лв/

Остани поврзан