• недела, 28 јули 2024

Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје

Концерт на Танго трио во КИЦ-Скопје
Скопје, 11 ноември 2022 (МИА) - Танго трио вечер ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар - Скопје. Во состав на Танго трио се Ајхан Куртов - пијано, Филип Петрески - хармоника и Пламенка Трајковска - виолина и Мартина Митревска – вокал (како гостин). -Танго трио сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот, како на концертната сцена така и на подот за танцување и сосема го вовлекува слушателот во танго магијата, соопшти Културно-информативниот центар - Скопје. На концертот ќе има танго музика која припаѓа на класичниот репертоар, музичка програма во стилот на танго традиционал и музичка програма во стилот на танго нуево. мд/аа/

Остани поврзан