• четврток, 26 декември 2024

Концептот „зелена економија“ презентиран пред бизнис-секторот од регионот Пијанец-Малеш

Концептот „зелена економија“ презентиран пред бизнис-секторот од регионот Пијанец-Малеш
Делечво, 6 октомври 2020 (МИА) - Во Делчево се одржа средба на компании од регионот за примена на концептот „зелена економија“. Активноста е дел од проектот на Регионалниот центар за застапување, а целта е креирање зелени работни места во микрорегионот Пијанец-Малеш. - Настанот има за цел да ги собере на едно место компаниите од микрорегионот Малеш-Пијанец којшто ги опфаќа општините Делчево, Берово, Пехчево и М. Каменица. Оваа консултативна средба се однесува на проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ кој сакаме да го промовираме за да ја зајакнеме свеста и да ги зајакнеме капацитетите кај бизнис-секторот од нашиот регион. Истовремено сакаме да направиме и јакнење на капацитетите на невладиниот сектор од овој регион и на тој начин да ја подигнеме јавната свест кај населението за тоа што значи креирањето зелени работни места и кои се бенефитите за зелената економија, рече координаторката на Регионалниот центар, Родне Деолска. Претседателот на Регионалниот центар за застапување Тони Стоименовски додаде дека ова е само еден од проектите кои Центарот ги работи во делот на зачувување на животната средина. - Исто така еден дел од работилницата е наменет за можните донатори и фондови кои можат да ги користат малите и средните претпријатија од Делчево и регионот околу Делчево. Како една од можностите во време на Ковид-19 и најразлични економски кризи се грантови преку кои можат да ги потпомогнат и организираат зелените работни места, рече Стоименовски. Експертот за развој и имплементација на проектите финансирани од ЕУ, Ристо Иванов додаде дека овие активности кон кои треба да биде насочен бизнис секторот ќе бодат неминовни во време на климатски промени. - Климатските промени се повеќе наметнуваат потреба од еден друг тип на економски активности или накратко кажано се формира една таканаречена зелена економија, каде што со бизнис иницијативи, се повеќе, се отвора можност да се излезе во пресрет на овие проблеми во делот на климатските промени и на тој начин да се развијат бизнис-активности и да се отворат работни места. Темата е зелена економија која опфаќа заштита на животната околина и извршување економски активности со порационално и поефикасно користење на природните ресурси. Околината во таа смисла треба да се превенира со акции кои ќе овозможат и конкурентност на претпријатијата, но истовремено преку нивните идеи да им се даде пристап до подобри и би рекол подобри извори на финансирање било да се грантови или евитни кредити, вели Иванов. Европската Унија, како што додаде тој, нуди такви програми, а токму ваквите работилнции имаат за цел да ги идентификуваат идеите на бизнис секторот кои во наредниот период ќе се разработат во конкретни проекти. Проектот „Регионално поврзување и заедничка примена на концептот за зелена економија“ е финансиран од Европската Унија преку мрежата на Рурален развој на Македонија и ќе се реализира до крајот на годинава. вс/мч/

Остани поврзан