• недела, 24 ноември 2024

Конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово - одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“

Конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово - одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“
Скопје, 27 јуни 2022 (МИА) - Во Охрид денеска ќе се одржи работниот дел од вчера започнатата Меѓународна конференција „Улогата на граѓанското општество во (родово - одговорно) буџетирање: учество, застапување и отчетност“. Конференцијата е во организација на Мрежата за родово – одговорно буџетирање, чиј носител е Центарот за истражување и креирање политики, канцеларијата на UN Women во Скопје, како и Меѓународното буџетско партнерство, а финансиски е поддржана од Австриската агенција за развој, Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и Швајцарија. - Целта на конференцијата е да се промовираат различните улоги на граѓанското општество во унапредувањето на родовата еднаквост преку користење на родово-одговорни буџетски алатки, размена на искуства помеѓу граѓанското општество, владите и меѓународните организации за ефективни стратегии и пристапи за користење на алатките за родово-одговорно буџетирање за ефикасно да се влијае на јавните политиката и буџетите, како и да се обезбеди платформа за вмрежување и градење стратешки партнерства помеѓу граѓанските организации, соопштија организаторите. На конференцијата најавено е присуството на претсавници на граѓански организации, институции, експерт(и од 18 земји од Европа, Јужна Америка, Северна Америка, Африка и Азија, како и од Министерството за труд и социјална политика. бт/сп/

Остани поврзан