• четврток, 26 декември 2024

Конференција „Справување со дезинформации во Северна Македонија“

Конференција „Справување со дезинформации во Северна Македонија“
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Фондацијата Метаморфозис денеска организира онлајн конференција на тема „Справување со дезинформации во Република Северна Македонија“. Како што информираат од Фондацијата Метаморфозис, конференцијата ќе обезбеди платформа за дискусија на чинителите кои работат на развој на демократијата преку борба против дезинформациите и унапредување на слободата на изразување, овозможувајќи нивно вмрежување и споделување искуства. На конференцијата, како што посочуваат, ќе учествуваат претставници на релевантните институции, стручната јавност, граѓанскиот сектор и меѓународната заедница.фф/лв/

Остани поврзан