• среда, 13 ноември 2024

Конференција: Се додека не селектираме и фрламе отпадоци во контејнер, циркуларна економија нема да имаме

Конференција: Се додека не селектираме и фрламе отпадоци во контејнер, циркуларна економија нема да имаме

Скопје, 22 април 2024 (МИА) - Институциите и политичарите само зборуваат за одржлив развој и за циркуларна економија, велат треба да се направи ова, треба да се направи она, но никој реално тоа не го спроведува. И сега, во предизборните претседателски говори, можете да слушнете „одржлив развој“, но за одржлив развој треба нешто да се сработи, да се намалат емисиите на загадувачите, да се намали количеството на создавање отпад, да се користат одржливи енергенси, суровини кои се еколошки пријателски и од обвновливо потекло. Тогаш ќе имаме одржлив развој, одржливо производство, почиста животна средина и тогаш ќе поминеме од линеарна на циркуларна економија, беше речено на денешната конференција што се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје.

Учесниците укажаа на потребата од соработка меѓу науката и фирмите, посебно на полето на новите, иновативни материјали кои може да се рециклираат.

Академската заедница предупреди дека од 2026 година ниту еден производ нема да може да излезе од земјава без т.н. карбон такси. Рокот е до јуни 2026, истакна професорката Анита Грозданов од ТМФ, а ние немаме ништо од тоа направено. Според бизнисот, пак, државна стратегија за зелена транзиција во земјава не постои.

-Секојдневно слушаме за бројни еразмус проекти, за бројни институти за комуникации, институти за вакви или онакви активности, се влечат огромни пари од европските фондови и се е тоа само на некакви презентации - што треба да направиме, но тоа реално никој не го прави. Науката има капацитет, но фондовите од државата за поддршка на истражувачките активности се сведени на нула, особено последните 10 години. Постојат само билатерални проекти, нешто со Австрија, нешто со Кина и толку. Македонските истражувачи и науката се насочени на европските фондови, а таму конкуренцијата е претешка. Мора да се вратиме на некакви поддршки на домашните истражувачи и поддршката треба да доаѓа од дома. Во проектите, секако, треба да одат академијата и индустријата заедно, за да сработиме реално нов производ кој утре ќе го преземе некоја фирма во своето производство, напомена Грозданов.

Како што нагласи претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Трајан Ангелоски, се додека фрламе отпадоци во контејнер, циркуларна економија не постои.

-Ако прошетаме по одредени европски земји, ќе видиме контејнери заклучени со катанци. Не можете да фрлите отпадок. Значи, точно треба да се знае кој производ, колкав процент емитува отпадни материјали, каде тие завршуваат и тој циклус или круг треба да биде затворен. Тука, на некој начин, политиката ги употребува јавните комунални претпријатија за дневна политика и за вработување партиски кадри. Циркуларна економија нема, освен индивидуални обиди како што се апаратите за пластични шишиња. Процентот на селекција на отпад е на многу ниско ниво, подвлече Ангелоски.

Тој оцени и дека државна стратегија за зелена транзиција во земјава не постои или можеби има 100 000 формални стратегии, на хартија, од кои ниту една не е имплементирана, ниту е ставена во функција.

-Пред две години, со енергетската криза, компаниите научија една голема лекција - да ги читаат сметките за струја која е една од главните компоненти во производството и една од главните трошок-фактори. Голем број фирми почнаа, на своја иницијатива, да инвестираат во обновливи извори на енергија, на поставување фотоволтаици, но тука државата одигра негативна улога. Кога вие се обидувате да инсталирате, ви бара голем и долг список на добар дел непотребни документи кои, патем, треба да ги извадите од едно, а да ги однесете во друго министерство. Се изработуваат најразлични проекти кои отприлика немаат скоро никаква употребна вредност. Без еден денар поддршка од државата компаниите направија зелена транзиција во своето работење. Ни претстои долг пат да се прилагодиме на европските нормативи, давање празни флоскули дека ќе влеземе во ЕУ без да исполниме ниту една мерка од европските нормативи мислам дека е илузија. Ден порано треба да се фокусираме на тоа европските нормативи да станат и македонски, да работиме по европски норми во Македонија ако сакаме да бидеме европска земја, рече претседателот на ССК.

Државата треба да се фокусира на заштеди и рационализација во Буџетот, а редно време е и да размислува и за приватизација на одредени несуштински работи кои ги поседува, а кои со години можеб

Конференцијата за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија, како што рече деканот на ТМФ, Стефан Кувенџиев, е промоција и зајакнување на соработката меѓу научните институции и бизнис секторот во насока на креирање „зелени” и одржливи решенија во доменот на Зеленото инженерство и циркуларната економија, подобрување на иновацискиот индекс на земјата со директно учество на студентите и академскиот кадар од ТМФ и креирање „зелени” работни места од повисоките инженерски профили за поддршка на одржлив економски раст.  

-Првпат организираме конференција на партнерска основа со стопанството, каде претставниците на компаниите поддржувачи и научните дејци од земјата и странство активно ќе учествуваат и ќе ги споделат искуствата од имплементација на решенија со кои се вклопуваат во концептите на зелено инженерство, одржливи материјали и технологии и циркуларна економија, но и предизвиците за постигнување на зацртаните цели, истакна деканот. 

За утре е најавен хакатон на кој ќе бидат презентирани студентски иновативни идеи за ревалоризација на био и индустриските отпадни материјали. мч/лв/

фото: МИА и Chapter 4

 

 

 

 

 

Остани поврзан