• четврток, 26 декември 2024

Конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија

Конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - На Економскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на 30-годишното партнерство меѓу Светска банка и Северна Македонија. 

На конференцијата, според агендата, најавени се обраќања на потпретседателката на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, премиерот Димитар Ковачевски и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески. 

Во рамки на конференцијата ќе се одржат два панела посветени на демографските предизвици и на човечкиот капитал. На првиот панел најавени се обраќање на министерот за финансии Фатмир Бесими и на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а на вториот панел вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за образование и наука Јетон Шаќири. бак/вј/

Фото: Светска банка

 

 

Остани поврзан