• вторник, 24 декември 2024

Конференција „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“

Конференција „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС) денеска организира конференција на тема „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“. 

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на МАРЕС, Слободан Поповски, а најавено е и обраќање на првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

На конференцијата, чија цел е дебата и размена на идеи за унапредување на обновливите извори на енергија, ќе учествуваат членови на МАРЕС, меѓу кои и најголемите инвеститори во земјата, домашни и меѓународни експерти, како и високи претставници од институциите поврзани со енергетскиот сектор.

Предвидени се четири панели. На првиот, насловен „Стратешки преглед за имплементација на ОИЕ“, ќе зборуваат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, Ева Шуклева од МАРЕС, Елена Ивановска од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Александру Албу од Делегацијата на ЕУ, како и Бурим Љатифи од МЕПСО.

Тема на вториот панел е „Пристап на обновливите извори: Капацитет, локации, спојување на пазарот, размена на енергија и финансиски механизми“, третиот е  „Предизвици и решенија за енергетската транзиција“, а четвртиот „Складирање енергија и мрежна инфраструктура: проекции, правни рамки и финансирање“. мч/мд/

фото: МАРЕС

  

Остани поврзан