• сабота, 23 ноември 2024

Конференција на ОБСЕ за борбата против антисемитизмот во Скопје

Конференција на ОБСЕ за борбата против антисемитизмот во Скопје

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Во Скопје денеска и утре ќе се одржи Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва во серијата од значајни конференции и состаноци кои ќе се организираат во земјава за време на нашето претседавање со Организацијата во текот на 2023 година.

 

Од МНР информираат дека Конференцијата ќе почне со сесијата на високо ниво, која ќе ја отвори претседавачот со ОБСЕ, шефот на дипломатијата Бујар Османи.

 

- Конференцијата за антисемитизам, како традиционален собир на земјите членки на ОБСЕ, има за цел да обезбеди врска помеѓу минатото, сегашноста и идните трендови во борбата против антисемитизмот, истакнуваат од МНР. ир/сп/

Остани поврзан