Конференција на Иницијативата САД-Јадранска повелба: Интеграција на сите земји аспиранти од Југоисточна Европа во НАТО
- Началниците на Генерал штабовите на Иницијативата на американско-јадранска повелба (А-5), на крајот на денешната 27. Конференција, во Тирана, потпишаа Заедничка декларација, со која се потврдува посветеноста да се застане заедно против „незаконската, неоправдана и неиспровоцирана воена агресија на Русија против Украина, која го уништи мирот и стабилноста во евроатлантската област и сериозно ја наруши безбедноста во нашиот регион и на глобално ниво“, објави АТА.
Тирана, 18 септември 2024 (МИА) – Началниците на Генерал штабовите на Иницијативата на американско-јадранска повелба (А-5), на крајот на денешната 27. Конференција, во Тирана, потпишаа Заедничка декларација, со која се потврдува посветеноста да се застане заедно против „незаконската, неоправдана и неиспровоцирана воена агресија на Русија против Украина, која го уништи мирот и стабилноста во евроатлантската област и сериозно ја наруши безбедноста во нашиот регион и на глобално ниво“, објави АТА.
-Најостро го осудуваме руското флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и влијанието на руската војна врз остатокот од светот. Го поздравуваме украинскиот народ за неговиот храбар отпор и изразуваме сочувство за нивната загуба и страдање“, се вели во заедничката изјава на високи воени претставници на Иницијативата за американско-јадранската повелба, која ги вклучува Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, со учество на командантот на Европската команда на САД, истовремено командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи.
Во целосна солидарност со народот на Украина, земјите ја потврдуваат својата намера да продолжат да ја поддржуваат Украина оваа војна.
-Ние сме посветени на постигнување праведен и траен мир засновани на принципите на Повелбата на ОН, особено суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста. Колективната поддршка за Украина го потврдува нашето меѓусебно разбирање дека соработката со сојузниците и партнерите е од витално значење за нашата колективна способност да одговориме на сегашните и идните предизвици, се вели во заедничката декларација.
Исто така стои дека „Западен Балкан останува подложен на малигни влијанија, вклучително и дезинформации, хибридни и сајбер закани, поставени од државни и недржавни актери. Во оваа насока, демократските вредности, владеењето на правото, внатрешните реформи, добрососедските односи и инклузивноста се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции и ние сме посветени да продолжиме да напредуваме кон оваа цел.“
-Ја потврдуваме нашата посветеност на принципите на САД-Јадранската повелба, признавајќи дека интеграцијата во НАТО на сите земји аспиранти во Југоисточна Европа е една од главните цели на Иницијативата. Во оваа смисла, ја поддржуваме политиката на отворени врати на НАТО и ги поддржуваме аспирациите на преостанатите земји аспиранти од Југоисточна Европа за членство во НАТО, почитувајќи ја потребата од внатрешен дијалог, се нагласува во декларацијата. вт/
Фото: МО на Албанија