• четврток, 26 декември 2024

Конференција „Младите и соработка во образованието”

Конференција „Младите и соработка во образованието”
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Центарот за европски стратегии - Евротинк Скопје денеска организира почетна конференција „Младите и соработка во образованието” во рамки на проектот „Демистифицирање на (не)соседските односи на патот кон ЕУ: Случајот на Северна Македонија и Бугарија“. На настанот е планирано да се споделат позитивни искуства на млади луѓе и професори кои студирале преку програмата Еразмус+ или програмата за млади во соседна Бугарија, како и граѓански активисти со искуство во прекугранични проекти поддржани од Европската Унија. -Настанот е организиран токму на оваа тема бидејќи младите и студентите се движечката сила на обединувањето на општествата. Фактот што многу млади луѓе од Северна Македонија одат да студираат во Бугарија, дали директно на бугарските универзитети или преку европската програма за мобилност Еразмус+, говори дека овие луѓе се мостот за поврзување на двете општества, соопшти Евротинк. Како што е најавено, поздравни говори ќе имаат амбасадорот на Бугарија во земјава Ангел Ангелов, Дејвид Норман, советник при Канадската амбасада во Белград и Димитар Николовски, извршен директор на Евротинк. Говорници на настанот ќе бидат и Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Росица Џамбазова, директор на Бизнис инкубатор „Гоце Делчев“, Центар за промоција на претприемништвото од Бугарија и Борче Серафимовски, докторант на  Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Дрежавин” и Универзитетот „ Св.Кирил и Методиј ” во Велико Трново, Бугарија. хс/бак/      

Остани поврзан