• четврток, 26 декември 2024

Конференција „Згрижување и згрижувачки семејства“

Конференција „Згрижување и згрижувачки семејства“
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Во Клубот на пратеници во Скопје денеска ќе се одржи конференција за размена на знаења и практики меѓу стручни лица од Австрија и Северна Македонија на тема „Згрижување и згрижувачки семејства“.

Како што најавија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), на конференцијата обраќање ќе имаат министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, аташе при Амбасадата на Република Австрија во Северна Македонија, Харалд Фугер и извршен директор на СОС Детско село Северна Македонија, Јулијана Накова Гапо.бт/мд/

Остани поврзан