• четврток, 19 декември 2024

Конференција за јакнење на националните институции за заштита на човековите права

Конференција за јакнење на националните институции за заштита на човековите права
Скопје, 2 март 2022 (МИА) - Во организација на Канцеларијата на Народниот правобранител и Тимот на Обединетите Нации во Република Северна Македонија, денеска преку ЗУМ платформата, ќе се одржи регионална конференција на тема „Јакнење на националните институции за човекови права како независен механизам за следење на примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост(КПЛП)“. На конференцијата најавено е учество на народниот правобранител Насер Зибери, омбудсманот на Латвија, Јурис Јансонс, заменик-народниот правобранител на Грузија, Екатерина Секладзе, офицерот за човекови права од Одделот за национални институции и регионални механизми при Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (ОХЦХР), Луиза Секагаја, како и голем број претставници од повеќе меѓународни организации кои работат на полето на човековите слободи и права. Целта на конференцијата е да овозможи дијалог во насока на зајакнување на улогата и соработката меѓу националните иституции за човекови права во регионот во насока на промоција и заштита на човековите права, вклучително и на правата на лицата со сите видови на попреченост. дма/бак/

Остани поврзан