• сабота, 28 декември 2024

Конференција „Законите и подзаконските акти за млади"

Конференција „Законите и подзаконските акти за млади

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Во организија на ОДАС - Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите денеска ќе се одржи Конференцијата „Законите и подзаконските акти за млади".

Конференцијата е завршен настан од проектот „PPAY - Prepared Proactive and Alerted Youth“, финансиран од Европската Унија.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, претставничката на Европската Унија, Адријана Дуту и пратеничката Марија Петрушевска, а присутни ќе бидат претставници на Обединетите Нации, министерства, Собранието, претставници на универзитетските и факултетските собранија на УКИМ и невладините организации.

Како што информираат организаторите на конференцијата, целта на настанот е запознавање на младите со законите и подзаконските акти кои се поврзани со нив, преку претставување на анализата на тие закони и подзаконски акти која ОДАС ја изработи со АД Трпеноски.фф/вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан