• сабота, 28 декември 2024

Конференција „ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“

Конференција „ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“
Скопје, 5 април 2022 (МИА) -  Во Офицерскиот дом во Битола денеска Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 од Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола ја организираат „Катедра Аденауер 2022: ЕУ по руската инвазија – нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан?“. Како што информираат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола,  Катедрата Конрад Аденауер претставува научно - образовна платформа на која студенти, експерти и претставници на академската заедница дискутираат и ги споделуваат своите гледишта околу актуелни теми кои се однесуваат на ЕУ и на идното проширување на Унијата особено по руската инвазија на Украина. Со свои излагања, како што најавуваат организаторите, на настанот ќе учествуваат Горан Илиќ, професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност – Скопје, Јован Андоновски, вонреден професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Кирил Миноски, поранешен министер за финансии. Настанот ќе го отворат Давор Пашоски од Фондацијата Конрад Аденауер, Катерина Јакимовска од Центар за европски студии Вилфрид Мартенс, Тони Коњановски, градоначалник на Битола, Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Васко Наумовски, претседател на Институтот за општествени истражувања – МК91 кој ќе биде и модератор на панел дискусијата.фф/мд/

Остани поврзан