• четврток, 26 декември 2024

Конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Конференција „Дигитална трансформација за граѓаните“

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Во организација на Фондацијата Метаморфозис денеска во Скопје ќе се одржи конференција под наслов „Дигитална трансформација за граѓаните”.

На конференцијата е предвидено да се обратат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

Говорниците ќе ги споделат своите гледишта во однос на напредокот на дигиталната трансформација насочена кон потребите на сите граѓани.

Настанот ќе продолжи и утре, а ќе може да се проследи со физичко присуство или онлајн преку платформата ЗООМ.

Конференцијата се организира во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“, кофинансиран од Европската Унија. свс/сп/

Остани поврзан