• четврток, 26 декември 2024

Конференцијата на тема: „Енергија, Економија и Екологија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа

Конференцијата на тема: „Енергија, Економија и Екологија“ на Универзитетот на Југоисточна Европа

Тетово, 9 јуни 2021  (МИА) - Новата акредитирана програма „Triple E“ (Тројно Е- Енергија, Економија, Екологија), беше повод да се организира истоимена тематска конференција на Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).

Деканката на Факултетот, Хирије Абази-Алили, која ја отвори конференцијата, посочи дека оваа акредитирана програма е од клучна важност сега кога Северна Македонија е пред вратите на ЕУ при што дипломираните ќе имаат можност да работат според европските регулативи.

- Акредитираната програма е важна имајќи ги во предвид целите на одржливиот развој, агендата 2030 и зелениот договор, каде клучните овозможувачи на трансмисија на одржливост се образование, наука и технологија, истражувањето и иновациите како предуслови за постигнување на овие цели и одржлива економија, создавање на култура и начин на размислување за одржливост со осигурување дека транзицијата ќе доведе до зголемување на нашата благосостојба, истакна Хирије Абази-Алили.

Според ректорот, Абдулменаф Беџети, УЈИЕ веќе долги години придонесува за развој на студиските програми но и со конкретни проекти.

- Програмата е по иницијатива на Министерството за животна средина, се очекуваат први запишувања на студенти, станува збор за интердисциплинарна наука. Ние како УЈИЕ уште во 2008 креиравме клима-план каде се предвидени овие програми и проекти. Во 2010 инвестиравме соларна енергија од фотоволтаични панели кои 10 години се во функција. Токму поради потреба да се издигне одговорноста на платформа која ќе покаже и докаже дека треба повеќе да делуваме како општество, рече Беџети.

Министерот за животна средина, Насер Нуредини, посочи дека е важно да се има ваков стручен потенцијал кој во иднина ќе работи на имплементацијата на законите поврзани со одржливоста на економијата и животната средина.

- Во парламентот се работи на многу значајни закони, но, во насока да ги спроведеме тие закони ни требаат вистински луѓе. Ова се нови области, нови проблематики со кои ќе треба да се соочиме, и затоа се потребни луѓе кои ќе студираат економија, енергија и екологија како едно. Декарбонизацијата е иднината, ова ќе биде важно. Ако ги немаме вистинските луѓе да ги спроведат законите нема да можеме да ги достигнеме стандардите кои ги посакуваме. Ние како Влада ќе ги предадеме законите, Парламентот ќе ги одобри но иднината лежи во образовниот систем, истакна Нуредини.

На конференцијата се обратија и претставници на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ),  Британската амбасада и други. Покрај додипломски студии акредитирана е и магистерска програма за зелена еконимија и одржливост. ас/ар/

Остани поврзан