• петок, 20 март 2026

Конференциска лига: Четири победи на гостинските екипи

Конференциска лига: Четири победи на гостинските екипи

Самсун, 13.март 2026 (МИА) – На синоќа одиграните први натпревари од осминафиналето од УЕФА Конференциската лига повеќе радост имаа гостите, кои на половина од дуелите постигнаа победи, додека два натпревара завршија со триумф на домашни екипи и два без голови.

Победите на гостински терен на Шахтјар, Стразбур, Рајо Ваљекано и на АЕК им обезбедува убава предност и можност за пласман во четвртфиналето.

Резултати на првите осмина финални натпревари:

АЗ – Спарта Прага 2:1

Лех – Шахтјар 1:3

Риека – Стразбур 1:2

Самсунспор – Рајо Ваљекано 1:3

Цеље – АЕК 0:4

Кристал Палас – АЕК Ларнака 0:0

Фиорентина – Раков 2:1

Сигма Оломуц – Мајнц 0:0

Реванш натпреварите се играат на 19.март. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан