• среда, 27 ноември 2024

Конференциска лига: Тиквеш победи со чудесен пресврт на европското деби

Конференциска лига: Тиквеш победи со чудесен пресврт на европското деби

 

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) – Освојувачот на македонскиот фудбалски Куп, Тиквеш со победа дебитираше на европската сцена, откако вечерва во Скопје со пресврт го совлада исландски Бреидаблик со 3-2 (0-2) во првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига.

Тиквеш одигра фантастично второ полувреме на Националната арена „Тодор Проески“ во кое постигна три голови и ја анулираше негативата од 0-2 од воведните 45 минути.

Откако на стартот од дуелот Тиквеш пропушти две идеални шанси за водство преку Кристијан Стојковски во седмата минута и Ѓорѓи Ѓорѓиев четири минути подоцна, казната на спротивната страна дојде во 13 минута кога Виктор Еинарсон донесе предност за исландскиот тим. Кристофер Кристинсон во 31 минута го удвои водството на Бреидаблик.

Македонскиот состав не се предаде и со голот на Кристијан Стојковски (74) ја преполови негативата, а шест минути подоцна Мартин Стојанов со прекрасен гол од слободен удар го израмни резултатот.

Целосен резултатски пресврт донесе бразилскиот интернационалец во дресот на Тиквеш, Лео Гуера (83), а во самата завршница Едиз Спахиу пропушти колосална шанса да му донесе уште поубедлива предност на македонскиот клуб на реваншот идниот четврток на теренот на Бреидаблик. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан