• понеделник, 29 јули 2024

Конференции за творештвото во странство и за деца и млади

Конференции за творештвото во странство и за деца и млади

Скопје, 20 октомври 2022 (МИА) - Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност (ИНАКУ) од Скопје подготвува две конференции.

Првата конференција ќе биде на тема „Книжевното творештво на македонските писатели во странство – анализи, компарации, насоки“ и ќе се одржи на 22 ноември 2022 година. Конференцијата ќе биде составена од три дела: воведен дел со настап на универзитетски професори, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, манифестационен дел – со настап на сите автори – поети и писатели. Втората конференција ќе биде на тема „Литературното творештвото за деца и млади и неговата креативна и едукативна улога и функција во воспитувањето и образованието“ и ќе се одржи на  20 декември 2022 година. И оваа Конференција ќе биде составена од три дела: воведен дел со настап на универзитетски професори, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, манифестационен дел – со настап на сите автори – поети и писатели. - Сите заинтересирани за учество и настап треба да се пријават на следниов мејл: info@inaku.mk и да ги испратат своите песни, раскази и текстови со кои ќе настапат (една песна до 30 стиха, еден расказ од најмногу една страница или еден текст од најмногу една страница), а сите прилози ќе бидат дел од дигиталното издание кое ќе биде подготвено по одржувањето на Конференцијата, информира Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност. мд/сп/

Остани поврзан