• недела, 24 ноември 2024

„Континентал“ воведува еколошки пневматици

„Континентал“ воведува еколошки пневматици
Хановер, 13 септември 2021 (МИА) - Речиси сите автомобилски компании се на пат да постигнат одржливост на возилата, без штетни гасови и слично. Така, и производителите на гуми се стремат да бидат поеколошки, па германскиот бренд „Континентал“ е посветен на целта да стане најпрогресивната компанија во овој сектор до 2030 година, во однос на еколошко-општествената одговорност. Во таа смисла, на Меѓунардното моторшоу во Минхен, покрај бројните модели електрични автомобили, германската компанија го објави и својот „Конти грин концепт“. „Континентал“, инаку, досега ги снабди „Фолксваген“ со одржливи пневматици. Концептов, сепак, не е ограничен само на претставување на новата иновативна гума. Тој опфаќа намалување на потрошувачката на ресурси во сите алки на синџирот на проиводство на гумата. Во овој поглед, концептот е одржлив до основата, па дури и е еден начин за продолжување на трајноста на производот. Според Континентал, за 35 отсто од гумата се користат обновливи материјали, што значи и значително намалување на уделот на материјали засновани на сурова нафта. Концептот се состои и од 17 отсто рециклирани материјали. Оваа новост, според компанијата, влегува на пазарот до идната 2022 година.  си/ссм/

Остани поврзан