• среда, 25 декември 2024

Конте утре седнува на клупата на Наполи

Конте утре седнува на клупата на Наполи

 

Неапол, 4 јуни 2024 година (МИА) – Италијанскиот тренер Антонио Конте в среда ќе пристигне во Неапол за да потпише договор со фудбалскиот клуб Наполи.

Конте и неговите претставници веќе ја добиле првата верзија на договорот, а 54-годишниот тренер утре ќе стави потпис на тригодишен договор, објави денеска Скај Италија.

Поранешниот тренер на Јувентус, Челзи, Интер и тренер на Италија наводно во Наполи ќе прима плата од седум милиони евра, со бонуси до еден милион евра за три години, а во договорот нема откупна клаузула.

Според информациите, Конте веќе размислува за неколку трансфери, меѓу кои е и доаѓањето на Ромелу Лукаку во случај Виктор Осимен да го напушти клубот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан