• среда, 25 декември 2024

Конте: Победата над Болоња треба да му даде на Наполи самодоверба и сознание дека можеме да постигнеме многу кога сме обединети

Конте: Победата над Болоња треба да му даде на Наполи самодоверба и сознание дека можеме да постигнеме многу кога сме обединети

Неапол, 26 август 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте го оцени настапот на Наполи на вчерашниот меч со Болоња (3:0).

- Навистина ми се допадна односот на тимот против добро организираниот тим на Болоња кој минатата сезона се пласираше во Лигата на шампионите. Победивме многу добар тим и тоа треба да ни даде самодоверба, самодоверба и знаење дека можеме да постигнеме многу сме обединети. Ова е важна победа, не само поради трите бода, долго време не сме победиле на стадионот „Диего Марадона“. Ги замолив навивачите да станат наш 12-ти, па дури и 13-ти играч, тие ни беа важни. Момците покажаа игра која ги надмина нивните квалитети, покажаа срце и храброст. Ова е она што нашите навивачи сакаат да го видат, изјави Конте.

Фудбалскиот стручњак им посочил на неговите фудбалери да заборават на проблемите од првото коло и целосно да се фокусираат на средбата со Болоња.

- Реков во текот на неделата дека можеби тој удар не натера да сфатиме дека ако сакаме да го „заборавиме“ минатото, треба да покажеме сè на теренот. Можеш да стоиш во рингот, да добиеш удар, но сепак да останеш на нозе. Секогаш велев дека имам многу верба во овие момци. Тие тренираат напорно, јас бев првиот што се разочарав по натпреварот во Верона бидејќи изгледаа како духови од себе. Поразот ни помогна уште повеќе да се обединиме, сфаќајќи дека не можеме никаде да стигнеме сами, туку дека со заедничка работа можеме да постигнеме големи работи, додаде Конте.

Во третото коло од Серија А, Наполи ќе ја пречека Парма на 31 август. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан