• среда, 25 декември 2024

Конте: Навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели

Конте: Навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели

Торино, 22 септември 2024 (МИА) - Тренерот на Наполи, Антонио Конте ги сумираше впечатоците од натпреварот од 5. коло од Италијанското првенство против Јувентус.

Избраниците на Конте одиграа 0:0 против неговиот поранешен тим.

- Ривалството помеѓу Јувентус и Наполи секогаш ќе биде тука. Важно е да нема насилство, туку да има почит. Јас сум дел од историјата на Јувентус и тоа никој не може да ми го одземе. Се надевам дека ќе бидам дел од Наполи во иднина. Живееме во свет во кој многу луѓе забораваат да бидат благодарни, а тоа не е добро. Денес, навивачите на Јувентус ме гледаа како ривал, но никогаш нема да ми бидат непријатели, го цитира Конте новинарот Николо Шира.

По овој меч Јувентус е на четвртото место во поредокот со девет бодови, едно место погоре е Наполи со 10 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан