• среда, 25 декември 2024

Конте доби понудата да биде стручен коментатор на натпреварите од Лигата на шампионите

Конте доби понудата да биде стручен коментатор на натпреварите од Лигата на шампионите
Рим, 30 јули 2021 (МИА) - Поранешниот тренер на Интер, Јувентус и италијанската репрезентација Антонио Конте може привремено да го промени полето на активност. „Скај Спорт Италија“ го поканува 51-годишниот фудбалски стручњак да стане експерт на нивниот канал. Преговорите се во напредна фаза. Конте се очекува да работи за натпреварите од Лигата на шампионите. Тренерот е заинтересиран за овој предлог. Конте летово го напушти Интер, откако на „нероаѕурите“ им донесе шампионска титула по пауза од 11 години. зс/

Остани поврзан