• среда, 25 декември 2024

Констракта е против интернет-објавите за лесна заработка 

Констракта е против интернет-објавите за лесна заработка 

Лос Анџелес, 12 февруари 2024 (МИА) - Српската пејачка Ана Ѓуриќ - Констракта, по победата на српскиот „Евросонг“,  добива доста понуди за спонзорства. Сепак, како што рече таа во интернет-емисијата „100 минути врева“, не е секогаш среќна со тие понуди - особено со рекламирањето на интернет-просторот.

- Не ми е во ред... Ќе наплаќам за мојот лик и дело - тоа е ОК. Но, зошто би земала 5.000 евра за една објава? Сметам дека тоа е навредливо за луѓето кои секој ден цел месец од 9 до 17 часот работат некоја одговорна работа. Не сакам да учествувам во тоа, појасни таа.

„Чесна жена, симнете ѝ капа“; „Во право е, луѓето на 'Инстаграм' ќе направат сѐ за да ги претстават своите 'животчиња' како повредни од туѓите“; „Секоја чест за сѐ, ја обожавам!“ - се дел од позитивните коментари.

Инаку, Констракта лани го освои петтото место во финалето на „Евровизија“, што е најдобар резултат на Србија последниве 10 години. Таа се пријави и на годинешниот национален натпревар со песната „Ново, боље“.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан