• среда, 25 декември 2024

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - Кај шест даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности, соопшти попладнево Управата за јавни приходи. 

Оттаму информираат дека изминатиот викенд спроведени се 18 контроли за фискализација согласно Законот за регистрирање на готовински промет на подрачјето на општините Виница и Свети Николе каде се одржувале настани на отворени. 

Притоа, кај два даночни обврзници на територија на општина Виница констатирани се неправилности по основ на неиздвање на фискални сметки, а кај четири физички лица констатирано е вршење на нерегистрирана дејност, кои понатаму по службена должност се проследени кај Државниот Ппазарен инспекторат за понатамошно постапување. Во Свети Николе не се констатирани неправилности. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан