• сабота, 04 јануари 2025

Консеисао сака да го победи својот син Франциско во дебито за Милан 

Консеисао сака да го победи својот син Франциско во дебито за Милан 

Ријад, 2 јануари 2025 (МИА) - Новиот тренер на Милан, Серхио Консеиао, на прес-конференцијата пред полуфиналниот дуел од Суперкупот на Италија со Јувентус утре објави дека неговата цел е да го освои трофејот.

- Утре ќе излеземе на победа, но и противникот има таква цел. И Франциско ќе сака да победи. Се надевам дека ние ќе бидеме задоволните по натпреварот, изјави Португалецот кој до неодамна го водеше Порто. 

Тој зборуваше за синот Франциско кој игра како позајмен во Јувентус.

-Им ги пренесов моите идеи на играчите. Двата тима имаат голем квалитет. Утре мора да имаме волја за победа, размислувајќи доволно и за одбраната, додаде Консеиао. дс

Фото: Архива

Остани поврзан