• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Консеисао останува на клупата на Милан барем до крајот на сезоната

Консеисао останува на клупата на Милан барем до крајот на сезоната

Милано, 25 февруари 2025 (МИА) - И покрај лошите резултати што ги бележи неговиот тим, тренерот на Милан, Серхио Консеисао засега ја има целосната поддршка од раководството на „росонерите“.

Иако Консеисао одлично го отвори своето поглавје во Милано, освојувајќи го трофејот од италијанскиот Суперкуп по пресвртот во финалето против градскиот ривал Интер, ситуацијата набрзо се сврте, до тој степен што веќе се зборува за заминување на Португалецот од „Сан Сиро“.

Откако беа елиминирани од Лигата на шампионите од Феенорд, „росонерите“ претрпеа болен првенствен пораз од Торино (2:1) со што останаа на седмото место на табелата.

Овие неуспеси поттикнаа шпекулации дека Консеисао бил блиску до заминување од Милано, неполни три месеци по пристигнувањето во клубот, но управата на седумкратниот европски шампион сега стави крај на овие приказни и му понуди целосна поддршка на својот тренер.

Во тоа име, Златан Ибрахимовиќ и Џофри Монкада присуствуваа на тренингот во Миланело за да ѝ испратат на јавноста слика на сила и единство, верувајќи дека Консеисао ќе успее да ја сврти ситуацијата во остатокот од сезоната и да му донесе на тимот место во Лигата на шампионите и да го освои трофејот во Копа Италија.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ и Консеисао разговарале индивидуално со играчите за да ги мотивираат за претстојните натпревари во Серија „А“ против Болоња и Лацио.

Истиот извор наведува дека Серхио Консеисао по поразот од Торино отишол на состанок со управата и неговиот стручен штаб барајќи решенија за следните натпревари.

Со ова се става крај на приказната за неговото заминување од клубот, а за неговиот статус повторно ќе се разговара на лето, кога сезоната ќе се ближи кон крајот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан