• среда, 25 декември 2024

КОНМЕБОЛ со осуда за тепачката меѓу репрезентативците на Уругвај и навивачите на Колумбија

КОНМЕБОЛ со осуда за тепачката меѓу репрезентативците на Уругвај и навивачите на Колумбија

Шарлот, 11 јули 2024 (МИА) - Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) излезе со соопштение на социјалните мрежи по масовната тепачка во која учествуваа играчи на репрезентацијата на Уругвај и навивачи на Колумбија.

Во полуфиналето на Копа Америка 2024 година, Колумбија го победи Уругвај со минимален резултат 1:0. По крајот на натпреварот дојде до судир меѓу играчите, кој предизвика нереди на трибините. Поради тоа, уругвајските фудбалери Роналд Араухо и Дарвин Нуњез се степаа со колумбиски навивачи.

- КОНМЕБОЛ силно ги осудува сите акти на насилство кои влијаат на фудбалот. Нашата работа се заснова на верувањето дека фудбалот поврзува и обединува преку неговите позитивни вредности. Нема место за нетрпеливост и насилство и на теренот и надвор од него - се вели во соопштението.

Колумбија ќе игра против Аргентина во финалето на Копа Америка на 15 јули. 

Ден порано (14 јули) Уругвај ќе се сретне со Канада во мечот за бронзениот медал на турнирот. зс/

 

Остани поврзан