• четврток, 17 октомври 2024

Конкурс за стипендии за студенти Роми за академската 2024/2025 година

Конкурс за стипендии за студенти Роми за академската 2024/2025 година

Скопје, 16 октомри 2024 (МИА) - Министерството за образование и наука објави  Конкурс за доделување 150 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2024/2025 година.

Месечниот износ на стипендијата е 6.000 денари и студентите Роми ќе ја добиваат девет месеци во текот на една студиска година.

Заинтересираните кандидати треба да се припадници на ромската етничка заедница, да се државјани на Република Северна Македонија и да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

Според објавениот конкурс, критериуми ќе бидат постигнатиот среден успех на кандидатот, да се редовни студенти на некоја од јавните или приватните високообразовни установи во државава, а предност при селекцијата ќе имаат студентите Роми кои студираат на факултети кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, најдоцна до 1  ноември годинава.

Во објавениот конкурс се наведени документите потребни за аплицирање и е појаснет начинот на пријавување за стипендиите. хс/бак/

Фото: МИА архива 

                                                                

Остани поврзан