• недела, 28 јули 2024

Конкурс за современи авторски бајки посветени на Скопје

Конкурс за современи авторски бајки посветени на Скопје
Скопје, 6 април 2022 (МИА)Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје распиша нов оригинален конкурс за современи авторски бајки посветени на градот Скопје.   Како што соопштија од издавачката куќа, ликовите, настаните, атмосферата, визиите и локалитетите треба да се поврзани со градот Скопје, а темите и мотивите се слободни, како и начините за стилска и изразна постапка од страна на самите автори. 

Обемот на авторските бајки треба да биде од 3 до 10 страници (текст на А-4 формат), а бројот на авторските бајки воопшто не е ограничен, што значи дека еден автор може да испрати повеќе свои авторски бајки.

Од „Феникс“ посочуваат дека сите бајки треба да бидат потпишани со името и презимето на авторот, а во прилог треба да се наведе и неговиот мејл, телефонски број и години на возраст. 

Рокот за испраќање на авторските бајки е од 5 април до 5 мај.    

Текстовите на авторските бајки треба да се испраќаат на следниов мејл „info@viart.mk“.  

Избраните авторски бајки ќе бидат објавени во посебно издание – книга со наслов Авторски бајки за Скопје. бт/ац/

Остани поврзан