• четврток, 26 декември 2024

Конгрес на Партијата за целосна еманципација на Ромите

Конгрес на Партијата за целосна еманципација на Ромите
Скопје, 2 јули 2022 (МИА) - Партијата за целосна еманципација на Ромите денеска во Тетово ќе го одржи деветиот конгрес, на кој делегатите ќе избираат раководство со мандат за наредните четири години. На конгресот, како што информираат од ПЦЕР, ќе се направи детална анализа на актуелната политичка состојба, како и на моменталната состојба на Ромите во Република Северна Македонија во областа на домувањето, образованието, социјалните права и заштита, здравството и културата. Актуелниот претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски ќе им додели плакети за посебен допринос на поранешните и сегашните членови на партијата. дма/са/  

Остани поврзан